Search

Барса го вклучува Кутињо во сите нивни трансфер планови

Барселона планира да го искористи Филипе Кутињо како дел од секој мега договор што клубот го склучува во следното трансфер лето.

Бразилецот сезонава игра за Баерн Минхен. Сепак, тој досега не ги убеди целосно газдите на Баварците дека вреди да биде трајно привлечен. Напаѓачот од средниот ред има регистрирано 9 голови и 8 асистенции на 31 клупски настап оваа сезона.

Според шпанските медиуми, „блаугранас” веќе прави планови како да го искористи играчот доколку не го направи трансферот во Минхен. Се проценува дека Бразилецот ќе биде вклучен во секаква голема работа што ја прави клубот ова лето.

Ова важи и за евентуалниот трансфер на Нејмар од Пари Сен Жермен. Кутињо би бил вклучен во договорот за намалување на цената што ја бараат „парижаните”.

Треба да знаете
Последни објави