Search

Албанските граѓани лани први по барањата за азил во ЕУ

Европската канцеларија за азил (ЕАСО) потврдува дека минатата година Албанија има најголем број на баратели на азил во однос на населението, рангирајќи се на прво место со 59 апликации на ден на 10.000 жители.

„Многу Албанци сè уште бараат азил. Малата Албанија со години наназад е прва во светот по апликации во однос на населението. Дури и во 2019 година, зад себе ги остави и Сирија и Авганистан. Лани за азил аплицирале 22.900 албански граѓани,што е благо зголемување за два осто, споредено со претходната година,што пак е прво зголемување на бројот по некоку години наназад кога пополека се намалуваше бројот, констатира „Монитор” во анализата во врска со состојбата со барањата на азил.

Според истиот извор околу 88 отсто од апликациите биле за првпат, а останатите се повторуваат. Најголем број на барања за азил биле во март, септември и октомври, кога надминале по 2.000 месечно. Од вкупниот број 15.000 барања се одбиени.

„Податоците покажуваат дека од 2013 година има зголемување на барањата за азил, кои достигнаа врв во 2015 година, со околу 68.000 и потоа, иако се намалуваат, сепак останаа највисоки во споредба со другите земји кои не се дел од ЕУ,наведува „Монитор”.

Се додава дека од 2013 година околу 200.000 албански граани побарале азил во некоја од земјте ленк на Евопската унија.

Треба да знаете
Последни објави