„Пријателите за проширувањето” во посета на Тирана

Претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето” денеска престојуваат во Тирана.

Според соопштението од министерството, министерите за надворешни работи на Полска,Јацек Чапутович Литванија, Линас Линкевичиус,на Летонија, Едгарс Ринкевич и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмерн ќе се сретнат со овластениот министер за Европа и надворешни работи,Гент Цакај по што ќе имаат заедничка прес конференција.

Цапутович, Ринкевич, Линкевичиус и Волмер во Тирана допатуваа по дводневната посета на Северна Македонија, каде искажаа отворена поддршка за земјата на патот кон ЕУ и НАТО.

Треба да знаете
Последни објави