„Цртам за мојата мајка“ – изложба на делата од децата во предучилишните установи во Карпош

По повод 8 Март, денот на жената, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ ќе биде организирана традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

Најмалите изработуваат честитки и цртежи поврзани со темата мајка, во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги замислуваат своите мајки, жената и која е нејзината улога во нивниот живот.

Изложбата ќе биде отворена во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 6 март (петок) со почеток во 10 часот.

„За децата од градинките е организирана пригодна програма и како секоја година на оваа манифестација, како гостин, имаме жена, мајка, сопруга, жена, која раскажува за нејзината работа и професија, односно дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи“, информираат од Детскиот културен центар „Карпош“.

Треба да знаете
Последни објави