ФФМ ќе ги почитува препораките, но засега нема причина Македонија – Косово да играат без публика

Ако епидемијата на заразени со коронавирусот продолжи да се шири се позивесно е дека фудбалскиот натпревар од полуфиналето во Лигата на нанции, Македонија – Косово на 26 март во Скопје дека ќе се игра пред празни трибини.

-Како Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) ќе ги почитуваме сите препораки на надлежните министерства. До овој момент нема причина да се игра без публика, но ако има ширење на коронавирусот, ако ситуацијата е алармантна, во согласност со барањата и препораките на соодветното министерство и со УЕФА ќе се изнајде решение. Во координација со институциите и со УЕФА ќе се донесе решение. Свесни сме дека ситуацијата не е воопшто наивна. Свесни се за тоа и во УЕФА, вели Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ.

Треба да знаете
Последни објави