Ученици од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ имаа едукативна средба со градоначалникот Темелковски

Повеќе ученици од четврто одделение од ООУ „Кирил Пејчиновиќ”, во рамки на образовниот процес по наставниот предмет Опшество денеска имаа едукативна средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

На средбата, која се одржа во салата во која се одржуваат седниците на Советот на Општината, учениците имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, со работењето и менаџирањето на одделните сектори преку кои се подобруваат условите за живеење на жителите, како и со надлежностите и обврските на градоначалникот.

Покрај ова, Темелковски на учениците им ја објасни и улогата на претседателот на Советот и на општинските советници. На крајот, децата на градоначалникот му поставуваа прашања, за кои ги добија потребните одговори.

Градоначалникот Филип Темелковски на дечињата им вети повторна средба.

Треба да знаете
Последни објави