Слатка мистерија во Бутел

Во Општина Бутел, в петок во ресторанот ,,Аликас,, во Визбегово ќе се одржи 14. тортијада ,,Слатка мистерија 2020“, во соработка со ХОА ,,Ангелчиња“. На манифестацијата ќе учествуваат 40-на натпреварувачи од седум општини во Град Скопје и тоа во две категории на изработка на торти: Професионалци и аматери. Следствено на тоа ќе бидат доделени и шест награди за најубавите торти, по три во двете категории.

Во официјалниот дел на тортијадата ќе биде одржана лицитација на сите торти. Собраните средства се наменети за хуманитарна цел, поточно ќе му бидат доделени на  дваесетгодишниот Филип Комненовски заболен од церебрална парализа.

Во ревијалниот дел кој ќе трае од 16,00 – 19, 00 ч.  ќе бидат изложени сите торти и ќе можат да бидат видени од сите заинтересирани граѓани.

Исто така, во детскиот ревијален дел, учество ќе земат и учениците од основните училишта во Општина Бутел. Од 18,00-19,00 ч. учениците заедно со своите родители и наставниците ќе ги декорираат тортите што претходно дома ги испекле. Имагинацијата на сите ученици ќе биде наградена со благодарници и пригодни подароци.

Да се забавуваме, да бидеме хумани, да уживаме во слатката мистерија на тортите и да покажеме дека шеќерот може да биде и корисен.

Треба да знаете
Последни објави