Search

Прегазена 70-годишна велосипедистка во Скопје

На 04.03.2020 во 11.55 часот на бул.„Србија“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале  возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(36) од Скопје и велосипед управуван од В.С.(70) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.С. и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави