Search

Опел корса излета и се преврте на пат кај Пробиштип, еден тешко повреден

На 04.03.2020 во 17.10 часот на регионалниот пат од с.Крупиште кон Пробиштип, во близина на с.Неокази, пробиштипско, М.А.(69) од Пробиштип, управувајќи патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, М.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави