Search

Норвежаните се повеќе веруваат дека ќе се одложи мечот со Србија

Епидемијата на коронавирусот кој ја зафати Европа направи хаос и во фудбалот, а во Норвешка веќе го вклучија алармот откако за 24 часа двојно се зголеми бројот на заразени со овој вирус. Министерството за здравство во Осло објавило дека има 56 лица заразени од коронавирус, од кои само вчера 23. Вирусот ги исплаши Норвежаните, кои се погласно веруваат дека мечот од полуфиналето во фудбалската Лига на нации со Србија, од Ц-дивизијата нема да се одигра во закажаниот термин и истиот ќе биде одложен.

Во Норвешка ситуацијата е алармантна. Крузерот „Аида Аура“ закотвен кај Хогесунд со 1.200 патници е ставен во карантин од страв дека има коронавирус. Инаку во Осло, каде што треба да се игра мечот Норвешка – Србија засега има 14 заразени.

Треба да знаете
Последни објави