Утре водоснабдување со намален притисок на корисниците на потегот од Партизанса до бул. Митрополит Теодосиј Гологанов

Поради уличен дефект ф-500 милиметри на ул. Франклин Рузвелт 2, водоснабдување со намален притисок утре ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно на потегот од бул. Партизански одреди до бул. Митрополит Теодосиј Гологанов.

Како што најавуваат од ЈП „Водовод и Канализација” до РЦУК-Скопје, санацијата на дефектот ќе се врши од 09:00 часот до завршување со активностите.

Треба да знаете
Последни објави