Search

Скопски дилер купил амфетамин во Охрид, го фатиле кај Кичево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 01.03.2020 на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај крстосница „Стакларска“ во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“, управувано од пријавениот, а при претрес во возилото и личен преглед на пријавениот биле пронајдени таблети екстази и 800 грама кристална материја.

По преземени мерки било утврдено дека М.Д. во февруари 2020 ги набавил со намера да ги препродаде на уживатели на дрога од подрачјето на Скопје и Охрид.

Треба да знаете
Последни објави