Search

Цакај: Формирана трипартитна иницијатива Албанија-Хрватска-Косово

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, на фејсбук објави дека заедно со министерот за надворешни работи на Република Косово, Глаук Коњуфца и хрватскиот министер за надворешни работи, Горан Грлиќ-Радман, договориле „формирање трипартитна иницијатива меѓу Албанија, Хрватска и Република Косово”.

„Целта на оваа иницијатива е да се одржуваат редовни состаноци на ниво на министри за надворешни работи, да се создадат заеднички политички платформи и да се реализираат конкретни проекти од заеднички интерес”,напиша Цакај.

Додава дека првиот состанок ќе се одржи во Албанија во текот на оваа година, а потоа другите состаноци ќе се одржуваат на годишно ниво во земјите-учеснички, по редослед.

„Оваа иницијатива ќе придонесе за продлабочување на односите меѓу нашите земји и развојот на секоја посебно”,наведува Цакај на крајот на неговата објава на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави