Search

Сведок во „Титаник 3“: Алими и Гури земаа записници и прашуваа дали може да направат далавера

По повеќе од две години од почетокот на судењето за случајот „Титаник 3“, во којшто се обвинети пратеникот од редовите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, во Кривичниот суд преку скајп комуникација од Германија сведочеше клучниот сведок во овој случај, Ресмије Беслимова која била член на изборната комисија во Чаир кога се случиле изборните нерегуларности во 2013 година.

Беслимова сведочеше дека дента Ејуп Алими и Исмет Гури влегле во канцеларијата на општина Чаир каде се носеле записниците. – Неколку пати влегоа и ме прашаа дали може да се направи далавера, рече сведокот.

Според нејзиното сведочење Алими зел дел од записниците и ги сокрил под палтото. Иако била член на изборната комисија, таа не реагирала, се плашела бдејќи двајцата биле моќни во партијата. По одредено време Гури и Алими ги вратиле записниците.

Судскиот предмет за „Титаник 3”, подолго време се води пред Кривичниот суд во Скопје. Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток. Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Ејуп Алими е пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ, а при носењето на Законот за јавно обвинителство гласаше „за“ Законот.

Фото: Алсат-М

Треба да знаете
Последни објави