Search

Поради отстранување на група Јапонци од трибините Лајпциг се соочува со обвинувања за расизам

Германскиот фудбалски клуб Лајпциг е мета на критики и обвинувања за расизам, откако во јавноста излезе информација дека припадници на редарската служба, постапувајќи по дадени инструкции, отстраниле група од 20-тина Јапонци од трибините за време на меч во Бундеслигата.

Јапонците биле отстранети од стадионот со изговор „дека се ризична група и потенцијални преносители на коронавирус” што наиде на остри осуди во германската јавност кои не беа ублажени ниту со клупското соопштение.

„Клубот само постапи по препораки на Институтот „Роберт Кох”. Персоналот кој се грижеше за безбедноста на стадионот ја интензивира проверката на одредени групи за кои постоеше сомнеж дека претставува ризик по останатите навивачи”, е наведено во соопштението на Лајпциг.

За жал, се додава во дописот на „биковите”, „направена е грешка од клубот кон јапонските гости на кои се извинуваме”. Но, извинувањето, сепак, не ги намали тензиите кај одредена дел од јавноста за таквиот потег на Лајпциг.

Треба да знаете
Последни објави