Сетиен: Не треба да се потпираме само на Меси

Поразот од Реал Мадрид 0: 2 ја собори Барселона од врвот во Ла Лига. Каталонците ги пропуштија своите шанси пред паузата, а после тоа головите на Виничиус Жуниор и Маријано Дијаз им донесе успех на домаќините.

Тренерот на Барса, Кике Сетиен ги истакна причините за поразот и истакна дека тимот не треба да се потпира целосно на квалитетите на Лионел Меси.

– Мислам дека одигравме силно прво полувреме, а Реал доминираше во второто. Дури и тогаш, не започнавме лошо, но во еден момент грешките при подавањата станаа почести. Мора да му честитаме на противникот за победата. Понекогаш е нормално да изгубите натпревар, во кој се обидувате да го надиграте противникот. Кога тимот е подложен на таков агресивен притисок, станува тешко. Затоа е неопходно да се оддаде почит на играчите на Реал Мадрид, рече менторот на Барса.

Според него, „Меси е исклучително важен играч, но не треба тимот да зависи само од него”.

– Денес тој не успеа да постигне гол и ние изгубивме. Поразот е непријатен, но ние ќе го надминеме. Остануваат уште многу мечеви. Реал има бод повеќе од нас, но сè може да се сврти, додаде тренерот.

Треба да знаете
Последни објави