Search

Елмас доби мала минутажа, Наполи ја продолжи победничката серија

Елјиф Елмас одигра само неколку минути за Наполи, во победата на неговиот тим над Торино (2:1) во еден од ретките натпревари од Серија А кои викендов не беше одложен.

Наполи поведе преку Манолас, Ди Лоренцо во финишот зголеми, а Едера само успеа да намали во 91. минута од средбата на „Сан Паоло“.

Елмас влезе во игра во 84. минута на местото на Политано и во тој период заработи еден незгоден удар по стартот на Ансалди за кој играчот на Торино доби жолт картон.

Со оваа победа, Наполи има 39 бодови, шест помалку од четврто пласираната Аталанта која има два натпревара помалку.

Треба да знаете
Последни објави