Search

Баша со поддршка за протестот на албанскиот претседател: Да го одбраниме Уставот

– Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, пред утрешниот протест што го организира претседателот на земјата Илир Мета, уште еднаш ги потврди поддршката и присуството на истиот.

Во објавата на Фејсбук, Баша пишува дека е негова должност како сопруг и родител да биде заедно со своите сограѓани во одбрана на Уставот.

„Како граѓанин на мојата земја, како сопруг и како родител, моја должност е да бидам заедно со моите сограѓани во одбрана на Уставот! Добредојдени сте утре во 17 часот на Булеварот „Народни херои”!

Под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единството на народот”, Илир Мета ги повика Албанците да се обединат на плоштадот „Народни херои” утре во 17:00 часот.

Од кабинетот на Мета објаснуваат дека целта на овој мирен протест е да се подигне свеста на Албанците за одбрана на нивниот суверенитет.

Поддршка со најава за присуство Мета добил од граѓански организации, актери, обединетата албанска опозиција, поранешни носители на високи функции. Од неговиот кабинет исто така информираат дека на протестот ќе присуствуваат голем број албански граѓани кои живеат и работат во САД, Грција и други европски земји.

Треба да знаете
Последни објави