Search

Филипче: До 6 март критичен период за состојбата со корона вирусот во земјава

Критичниот период за земјава, кој е во корелација со заболената пациентка, завршува на 6 март, рече министерот за здравство Венко Филипче во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Тој појасни дека препораката за ограничување на јавните собири засега се темели на случајот со заболената пациентка и неколкумината коишто се во домашна изолација и оти е сѐ уште рано да се размислува за евентуални ограничувања на предизборната кампања.

„Согласно анамнестичките податоци од пациентката, кога за првпат се појавиле симптомите, колку време претходно била во инкубација, сметавме дека мерката треба да важи за следната недела, до петок на 6 март“, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави