Короанвирусот го откажа маршот за чист вздух во Скопје

Коронавирусот го откажа за денеска најавениот марш за чист воздух во Скопје и Сараево, кои беа дел од голбалниот протестот „Балканот бара чист воздух“. Протести беа закажани во девет регионални градови. Во Бања Лука и Зеница најавено е дека ќе има протести, додека во Белград, Приштина, Призрен и Подгорица активистите место протест ќе излезат со свој перформанс. Во Подујево, пак, ќе се организира потпишување петиција за чист воздух.

Од скопскиот огранок на Fridays For Future, кои се дел од организацијата на протестот, објаснуваат дека основниот принцип на нивното движење е грижата за здравјето и безбедноста на граѓаните, велејќи дека собирот не сакаат да претставува закана за нив.

-Во таа насока, сакаме да потсетиме и дека кога епидемијата ќе биде ставена под контрола, климатската криза и загадувањето ќе останат најголемите егзистенцијални проблеми на оваа и сите други држави. Време е ова внимание и ажурност да ги насочиме и на најголемиот непријател, не само на најнепосредниот, се вели во соопштението на Fridays For Future.

Треба да знаете
Последни објави