Search

Макпетрол ја започнува новата наградна игра „Верна секогаш со Вас” за годинава

Макпетрол АД од недела 1 март стартува со новата петта по ред наградна игра „Верна секогаш со Вас” во рамките на која ќе има девет редовни, три мастер и едно финално коло, а извлекувањето на главната награда ќе се одржи на 7 декември.

Во редовните кола компанијата преку електронско извлекување секој месец ќе подарува лаптоп Дел, викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 10 ваучери за гуми, 10 ваучери за Лубекс моторни масла, 10 ваучери за Кристал кар средство за стакла и 10 ваучери со Верна поени во вредност од 1.000 денари. Во трите мастер кола, пак, ќе се доделат скутер Хонда, мотоцикл Хонда и гумен чамец со мотор и приколка, а во финалното коло на 7 декември ќе биде доделена главната награда Хонда ЦР-В.

Во наградната игра може да учествуваат сите членови на платформата Верна што ќе извршат траскација на бензинските станици на Макпетрол и ќе впишат Верна поени на членската картичка. Со секои впишани 10 до 19 поени се добива една шанса за награда, а доколку се впишат 20 или повеќе поени две шанси за награда.

– Веќе пет години Макпетрол преку платформата Верна ги наградува своите најверни потрошувачи. Оваа наградна игра е начин да ја изразиме благодарноста и довербата која ја добиваме со секој литар купено гориво или производ во нашите продавници, рече Мишко Тасевски, раководител на Секторот маркетинг во Макпетрол на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека бројот на Верна картички се зголемил за 20.000 во однос на лани и додаде дека очекува годинава да ја надмине бројката од 200.000.

Директорот на Дирекцијата за големопродажба на Макпетрол, Зоран Доневски посочи дека како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во државата ќе продолжат со инвестиции за модернизирање на постојните капацитети со цел создавање подобри услови за потрошувачите.

– Досега, во изминатите четири години во наградната игра учествуваа околу четири милиони квалификувани трансакции, а подаривме 2.000 награди на нашите верни потрошувачи. Оние потрошувачи кои се уште не извадиле картичка Верна тоа може да го направат уште денеска со пополнување на податоци во најблиската бензинска станица на Макпетрол. Тие со првата трансакција од 10 поен ќе станат дел од новата наградна игра. Колку повеќе трансакции, толку шанси за добивка, рече Доневски.

Треба да знаете
Последни објави