Поради екскурзија во Италија гимназијалци од Пула се наоѓаат во куќен карантин

Гимназијалци од Пула кои во саботата биле на екскурзија во Италија, по враќањето во Хрватска, а по препорака на на Заводот за јавно здравје се ставени во куќен карантин, јави дописникот на МИА.

Директорот на гимназијата Филип Зорќиќ, потврди дека се работи за вкупно 49 ученици кои организирано биле да го проследат карневалот во Венеција.

Во текот на минатата ноќ во Хрватска од Италија се вратија и средношколци од Сплит и Омишаљ. Сите биле задржани на граничните премини, а во Хрватска биле пуштени откако медицинските екипи утврдиле дека меѓу нив нема заразени со Ковид-19 или коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави