Search

Програма која не дозволува голи фотографии

Јапонската компанија Тон Мобил создаде телефон опремен со вештачка интелигенција што знае кога корисникот се обидува да сними „секси селфи”.

Имено, ако програмата регистрира голо тело, самосликот нема да биде можен. Наместо тоа, ќе добиете предупредување „Фотографијата не е снимена поради недозволена содржина”.

Целта на овој систем на заштита не е да ги спречи возрасните да си испраќаат фотографии. Тон Мобил сака да ги заштити децата од интернет-изнудување, заведување и уценување.

Родителите можат да ја прилагодат апликацијата и за да добијат предупредување на својот телефон, ако нивното дете се обиде да направи гола слика од нивното тело.

Цената на овој телефон во Јапонија е околу 180 евра.

Треба да знаете
Последни објави