Search

Масовни дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство

Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, а став за состојбата најавија и телекомуникациските ператори.

На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.

Апел за превенирање на ваквите активности преку Фејсбук објави поранешната пратеничка Фросина Ременски, истакнувајќи дека е потребен одговор од надлежните институции за да нема шпекулациi.

– За да се избегнат какви било штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека, зад оваа „масовност” се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор”, објави Ременски на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави