Во Софија ќе се казнуваат возачите на автомобилите што го загадуваат воздухот

Сообраќајната полиција во Софија почна со проверки на автомобилите и камионите кои го загадуваат воздухот во Софија. Според експертите  60 отсто од загадувањето на воздухот е поради старите автомобили.

Возачите кои управуваат со неисправни автомобили, што испуштаат штетни гасови над дозволеното ќе бидат казнети.

На сообраќајната полиција и беа доделени пет уреди од Градската општина од кои три ќе се користат за сообраќајните канали, а два ќе се користат за патишта.

Треба да знаете
Последни објави