Сандерс и Бутиџиџ бараат повторно пребројување на гласовите во Ајова

Демократите Берни Сандерс и Пит Бутиџиџ побараа да се повтори пребројувањето на гласовите, по минатонеделното гласање во Ајова.

Како што соопшти Демкратската партија во Ајова, Сандерс бара повторно пребројување на гласовите во 28 бирачки места, каде неговите соработници веруваат дека сенаторот е оштетен за неколку делегати, а Бутиџиџ на 66 места, пренесе Ројтерс.

„Новото пребројување е само прв чекор во процесот и не очекуваме да го промени сегашниот збир, тоа е неопходно за да можат граѓаните на Ајова да имаат доверба во конечните резултати“ изјави високиот советник на Берни Сандерс, Џеф Вивер.

Сандерс за минимален процент ги загуби партиските избори во Ајова од Пит Бутиџиџ. Резултатите доцнеа поради технички проблеми во собирањето на резултатите од гласачките места.

Бутиџиџ освои 26,2 отсто од гласовите, а Сандерс 26 процент. Сенаторката Елизабет Ворен освои 18 отсто, додека поранешниот потпретседател Џо Бајден оствари разочарувачки резултати, односно само 15,8 проценти од гласовите на делегатите.

Треба да знаете
Последни објави