Евакуиран облакодер во Хонгконг поради опасност од коронавирус

Властите во Хонг Конг ги евакуираа жителите на 35 домаќинства во облакодер коишто имале заеднички одвод, поради сомневање дека коронавирусот се шири на тој начин.

Заразени се маж и жена, коишто живееле еден над друг и чиишто станови делеле заеднички одвор. Овој податок предизвика аларм кај властите кои сега ја испитуваат можноста вирусот да се пренесува преку воздух.

Затоа, тие веднаш ги евакуирале жителите на 35 други станови коишто го користеле истиот одводен систем и ги подложиле на медицински надзор. Засега е познато дека заразената жена прва настрадала од коронавирус и, откако била примена во болницата во неделата, веднаш била сместена во изолиран оддел и е во стабилна состојба.

Професорот по микробиологија на Универзитетот во Хонг Конг, Јуен Квок, рече дека одводната цевка во бањата не била добро затворена и дека на тој начин можел да се пренесе вирусот преку вентилацијата, којшто бил присутен во фекалиите.

Треба да знаете
Последни објави