Search

САД разнесоа древни индијански гробишта поради изградба на ѕид со Мексико

Градежни работници разнесоа древни индијански гробишта во Аризона, за да можат на нивно место да подигнат граничен ѕид меѓу САД и Мексико.

Американските власти потврдија дека било извршено контролирано минирање во природниот резерват Organ Pipe Cactus National Monument, признаен од УНЕСКО.

Раул Гријалва, демократски застапник, рече дека тоа е богохулење и дека властите не се консултирале со владејачкото тело на племето Тохоно Одам, кое го населувало ова подрачје уште од дамнина.

Еколошките организации веќе извесно време предупредуваат за штетата што таа градба ќе им ја нанесе на подземните води, но и за миграцијата на дивиот свет во пустинскиот регион на околу 185 км западно од Туксон.

Властите велат дека на подрачјето на националниот парк е предвидено да се изгради ѕид висок 9 метри на потег од 90 километри, пренесува „Би-би-си“.

Според интерниот извештај на Националната служба на паркот објавен од „Вашингтон пост“, администрацијата на Трамп би можела да уништи дваесет археолошки локалитети за време на изградбата на граничниот ѕид во резерватот „Organ Pipe“.

Треба да знаете
Последни објави