Search

Одложена средбата на која Велиај требаше да му го даде на Курти „Клучот на Тирана”

Средбата на косовскиот премиер Албин Курти, кој престојува во официјална посета на Албанија, со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, на која на гостинот од Косово требаше симболично да му се врачи клучот на албанскиот главен град, е одложена, објави приштинскиот портал „Газета експрес”.

Според овој медиум, како што јави дописникот на МИА од Приштина, причина за одлагање на средбата и церемонијата, е претходната тензична средба на Курти со албанскиот хомолог Еди Рама, на која тие двајца изнеле спротивставени ставови во однос на билатералната и регионалната соработка.

Имено, на заложбата на Курти за формирање „албански макро-Шенген”, Рама одговори со барањето за поддршка на веќе промовираната инцијатива од Северна Македонија, Албанија и Србија за „балкански мини Шенген”.

– Во овој момент имаме тема која треба да ја унапредуваме. Нема договор за албански Шенген без балкански мини-Шенген. Албанскиот макро Шенген е тесно поврзан со регионалниот Шенген бидејќи ние сме определени да продолжи процесот од Берлин, изјави Рама по средбата со Курти.

Треба да знаете
Последни објави