Search

Малолетник прободен со нож во автобус

Осумнаесетгодишно момче било прободено со нож во автобус од жител на село Бојане, соопшти МВР. Момчето било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“ на лекување.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од с.Чајлане, скопско.

Според пријавеното, околу 15.00 часот во с.Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од с.Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави