Пет лица загинаа, а 12 се повредени кога бомбаш-самоубиец активираше експлозив во близина на воената академија на Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Загинаа тројца војници и двајца цивили, а пет цивили повредени, се вели во соопштението.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Академијата е наменета за обука на авганистанските питомци и досега беше цел на неколку напади.