Рочиштето за Рекет продолжи со презентирање на докази од обвинителството, Вотс Ап и Вибер комуникација на Боки 13 со адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова. Од презентираното може да се види дека имале зачестена коминикација.
Во комуникацијата со Васе, како е запишан во именикот на Боки, се зборува за Орце Камчев и Дејан Панделевски, осомничени во предметот Империја. Се гледаат скриншот фотографии од новинарски текстови како и од комуникации со други лица и судски документи за Империја за што разговараат двајцата. Комуникацијата е најчесто за договорање на средби.
Во дел од разговорите се зборува да не се гледаат често оти имало полиција, а често се спомнува и мајка, како и тато. Мајка е лице од кое се бараат информации.
Како што сведочеше Камчев на почетокот на судењето, Димишков барал од неговата сопруга, која исто така потврди пред судот, 2,4 или 6 милиони евра за слободата на Камчев.