Безбедносните сили со водени топови ги растеруваат демонстрантите во Бејрут

Силите за безбедност во Бејрут утрово употребиле водени топови против демонстрантите кои ги гаѓале со камења и се обидувале да ги спречат пратениците и владините претставници да влезат во Парламентот и да гласаат за доверба на новиот кабинет на премиерот Хасан Диаба.

Безбедносните сили употребиле и солзавец и ги блокирале патиштата кон зградата на Парламентот.

Демонстрантите фрлале камења преку бетонските барикади кон безбедносните сили.

Треба да знаете
Последни објави