Search

Ериксен по мечот Интер – Милан: Ова го нема во Англија

 – Прво „дерби дела мадонина” ќе остане во вечно сеќавање на Кристијан Ериксен. Интер со неверојатен пресврт во второто полувреме го совлада Милан со 4:2, а данскиот репрезентативец истакна дека е воодушевен од атмосферата што ја доживеал на стадионот „Џузепе Меаца” и рече дека такво нешто нема во Англија.
„Ова е нешто извонредно. Првото полувреме беше тажно, но продолжението беше посебно”, рече Ериксен за италијанските медиуми.
Данецот пристигна во Милано на десетина дена пред градското дерби. Во градот на модата се пресели за 20 милиони евра од Тотенхем, мечот го почна од клупата и во игра влезе во 72. минута наместо Алексис Санчез. Наиде на импресивни кореографии од двете страни на стадионот и за комплетниот амбиент говори во суперлативи.
„Спектакуларно навивање. Вакво нема во Англија, делумно и поради тоа што е забрането. Овде навистина можете да почувствувате ветар во грб од навивачите уште на излегување од автобус. Се чувствува нивната страст и колку им е важен натпреварот”, рече Ериксен по пет и по години живот во Лондон.
Треба да знаете
Последни објави