Search

Косовец починал во хотел во Маврово

На 07.02.2020 година во 11,30 часот во СВР Тетово од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен починат Н.О.(69) од Р.Косово. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и по извршен разговор со роднини на починатиот утврдено било дека во Маврово, во ходник од хотел, во еден момент на Н.О. му се слошило и паднал. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави