Search

Во гостиварски ресторан приведени три странски државјанки

На 08.02.2020 во 01,30 часот при вршење акциска контрола во угостителски објект во с.Неготино-гостиварско биле затекнати и приведени три странски државјанки, една од Р.Србија и две од Р.Косово, поради сомнение за  нерегулиран престој во РСМакедонија. Потоа лишени од слобода биле А.М.(40) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него бил пронајде пиштол ТТмодел М57 кал.7,62мм и еден оквир со девет куршуми кал.7,62мм и Б.К.(27) од Гостивар затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден метален боксирач и други предмети. Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави