Search

Шок во Шпанија: Реал и Барса елиминирани од Купот во четвртфиналето

По Реал Мадрид и Барселона вечерва е елиминирана од Купот на Шпанија. Каталонците загубија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1-0 со погодок кој го постигна Инаки Вилијамс пред самиот крај на мечот. Претходно Реал Сосиедад со 4-3 го победи Реал Мадрид на негов терен и се пласираше во полуфиналето од Купот на Шпанија.

За првпат по пет години Барселона нема да игра финале на Купот на Кралот.

Каталонците имаа повеќе од играта, создадоа повеќе шанси за гол но голманот Симон беше одличен. Се закануваше и Атлетик Билбао, главно преку Инаки Вилијамс кој на крајот се покажа и како херој на Баскијците. Со негов гол со глава во 93. минута Атлетик Билбао се радуваше на голем триумф над Барселона.

Реал Мадрид доживеа елиминација од Купот на Шпанија откако на свој терен беше поразен од Реал Сосиедад кој во еден период имаше водство и од 3-0 и 4-1.

На ждрепката за полуфиналето од Купот на Шпанија ќе учествуваат Атлетик Билбао, Реал Сосиедад, Гранада и Мирандес, тоа доволно зборува како поминаа фаворитите во шпанскиот куп.

Треба да знаете
Последни објави