Search

Церемонија во знак на сеќавање за Коби Брајант на 24 февруари во Лос Анџелес

Церемонијата во знак на сеќавање на НБА ѕвездата Коби Брајант и осум други лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа, ќе се одржи на 24 февруари во Центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми.

Датумот е симболичен бидејќи Брајант на крајот од кариерата носеше дрес со број 24, а неговата ќерка, која исто така играше кошарка, со број 2.

Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана загинаа заедно со уште седуммина патници кога се урна хеликоптер во близина на Лос Анџелес. Истрагата за причината за падот на хеликоптерот е во тек.

Треба да знаете
Последни објави