Search

Тројца тешко повредени во верижен судир на автопатот Тетово – Скопје

На 06.02.2020 во 18.25 часот на автопатот Тетово – Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки , управувано од Т.З.(58) од Тетово, товарно возило „фиат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Г.(28) од Скопје и патничко возило „рено  канго“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(61) од с.Озормиште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.Б.(57) од с.Озормиште, сопатничка од возилото „рено“, а со телесни повреди се здобиле возачите Т.З. и М.Б.. Тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави