Search

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со краток рок, ДКСК потврди нема судир на интереси во случајот на Спасовски или финансиска поврзаност со бензинската станица

Уште една лага во низата им падна во вода на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем,уште еднаш се потврди дека  целиот концепт на функционирање на оваа партија се темели на креирање на лажни сценарија и измислици кои потоа се побиваат со факти од релевантни институции се вели во реакцијата на СДСМ.
-Овојпат, нивните лажни обвинувања беа и институционално потврдени како такви и од страна на  Државната комисија за спречување на корупција.
Имено, ДКСК потврди дека поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен премиер, Оливер Спасовски нема судир на интереси ниту пак финансиска поврзаност со отворање на бензинска пумпа и станица за технички преглед во Куманово. Ова денеска едногласно го изгласаа членовите на Државната комисија за спречување на корупција постапувајќи по негово лично барање, а иницирано од пишувањето во одредени медиуми.
Што се однесува на судирот на интереси помеѓу советникот на министерот и еден од сопствениците на бензинската пумпа ДКСК констатира дека целата постапка е спроведена според законот за возила и испочитувани се сите процедури во МВР.
Со ваква тактика ВМРО-ДПМНЕ само си пресудува. Освен лаги, нема што друго да им понуди на граѓаните.
Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе.

 

Треба да знаете
Последни објави