Search

Кинески научници бараат да патентираат американски лек за борба против коронавирусот

Научниците во кинески град Вухан, кој е во центарот на епидемијата со коронавирус, поднесоа патент за постоечки лек на американската компанија „Гилид“ (“Gilied” – Gilead Sciences Inc.), за лекување на болеста.
Државниот институт за вирусологија во градот Вухан објави дека барањето за петентирање на лекот го поднел во јануари заедно со една кинеска воена лабораторија. Институтот, во соопштението, потврди дека има „бариери за интелектуална сопственост“, но рече дека сè уште бараат патент „за да ги заштитат националните интереси на Кина“.
Доделувањето кинески патент на домашни научници може да и даде предност на кинеската земја во преговорите за плаќање на лековите. Но, може да покрене и поплаки дека Пекинг го злоупотребува својот правен систем да изврши притисок странските компании да им ја препуштат својата вредна технологија.
Во четвртокот, официјалната новинска агенција Синхуа јави дека треба да започнат клинички испитувања на лек наречен „ремдесивир“.
Компанијата „Гилид“, пак, со седиште во Калифорнија, соопшти дека во 2016 година поднела барање за кинески патент за употреба на „ремдесивир“ против коронавирус и дека чека одлука.

Треба да знаете
Последни објави