Search

Иран открива нови информации за нападот врз американската база

Иран наскоро ќе открие нови информации за ракетниот напад што го започна врз американската база во Ирак минатиот месец, изјави Амирал Хаџизаде, началник на воздухопловната дивизија Револуционерна гарда, пренесе ИСНА.

Тензиите меѓу Иран и Соединетите држави се зголемени по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во напад со американско беспилотно летало во Багдад на 3 јануари, пренесува „Ројтерс“.

Потоа, Иран во знак на одбрана започна ракетен напад врз базата Аин ал Асад во Ирак.

Треба да знаете
Последни објави