Search

Во лаптопот на Боки снимен “Инсајдер” за Радникот и врските на ВМРО со балканската мафија

Зошто била изведена операцијата “Поликолор” е темата на емисијата Инсајдер на 1ТВ, чиј вовед бил снимен на лаптопот на Боки 13.

На денешното рочиште беа презентирани видео и аудио доказни материјали на ОЈО против Боки и Катица Јанева.

Новинарите имаа можност да слушнат инсерти од емисијата, снимени на лаптопот. Целта на емисијата била да се покаже наводната криминогена врска на Љупчо Тодоровски Радник поранешен прв човек на јавната безбеднист со подземјето. Заплената на кокаинот од Чочоровска била спротивна на укажувањето на Интерпол и американската ДЕА кои барале камионот со поликолор да биде оставен да се транспортира до Солун.

Според Инсајдер, ВМРО-ДПМНЕ била поврзана со балканските мафии кои им овозможувале да добиваат избори. Радникот и Јордан Размовски палеле и гаселе и овозможувале шверц на цигари и дрога без криминалците да бидат апсени. Во емисијата се спомнува и струшкиот криминалец Џевдет Жута, но и новинарот Зоран Божиновски кои биле во спрега со Размовски и Радникот.

Според Инсајдер, запленетиот кокаин со возила на МВР бил однесен во Струга на локалните криминалци.

 

Треба да знаете
Последни објави