Search

Клоп и првиот тим на Ливерпул нема да бидат на „Енфилд“ за дуелот со третолигашот Шрузбери

Тренерот на лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека вечерашниот (20.45 ч.) возвратен натпревар од 4. коло во ФА Купот кој неговиот тим ќе одигра против третолигашот Шрузбери, ќе го гледа на својот лаптоп.

Клоп веќе најави дека првиот тим нема да игра на овој натпревар поради зимската пауза. Германскиот стратег им даде одмор на играчите и нема намера да ги собира за реванш дуелот од ФА Купот. Ливерпул на овој меч ќе настапи со младинскиот тим составен од играчи до 23 години  предводен од Нил Крачли.

Интересно е што германскиот стратег, сепак, ќе биде во комуникација со стручниот штаб на младинскиот тим и ќе се обиде да им подели некои совети за мечот. Останува да се види како вечерва надежите на „црвените“ ќе се снајдат на „Енфилд“ во битка да изборат пласман во следната фаза на националниот куп. Првиот меч меѓу ове две екипи заврши без победник (2:2).

Третолигашот Шрузбери се пожали дека поради ваквата одлука на Клоп тие како нисколигаш ќе останат покуси за 500. 000 фунти, пари кои ќе ги добиеле ако Ливерпул играл со првиот тим.

Треба да знаете
Последни објави