Search

Нов кикс на Јунајтед, реми со Вулверхемптон на „Олд Трафорд”

Трофејниот англиски фудбалски великан Манчестер Jунајтед им приреди уште едно разочарување на своите навивачи. Тимот од „Олд Трафорд” вечерва на својот терен одигра само 0:0 против Вулверхемптон во последниот саботен дуел од 25. премиерлигашко коло.

Со биланс девет победи, осум нерешени исходи и осум порази, Манчестер јунајтед во моментов е на шестата позиција на табелата со 35 бода исто колку што има и Вулверхемптон.

Падот на табелата на Јунајтед може да продолжи и утре, доколку Тотенхем кој има 34 бода забележи победа во дербито со Манчестер сити.

Пред Манчестер јунајтед на табелата се: Ливерпул 73 бода, Манчестер сити 51, Лестер 49, Челзи 41 и Шефилд јунајтед 36.

Треба да знаете
Последни објави