Search

(Видео): Разгалениот Мбапе во кавга со Тухел затоа што го извади од игра

Екипата на ПСЖ забележа убедлив триумф против Монпелје од 5-0, но она што го одбележа натпреварот на „Паркот на Принцевите“ се случи во 65. минута, кога од игра излезе Килијан Мбапе.

Германскиот стратег на клупата на парижани, Томас Тухел се реши од игра да го извади својот најдобар стрелец оваа сезона и на негово место го внесе Икарди. Младиот француски напаѓач видно незадоволен ја прифати оваа одлука на својот тренер и имаше што да му каже пред гневно да се упати кон клупата за резерви.

Ова е втор пат сезонава Тухел, според мислењето на Мбапе, прерано да го извади младиот напаѓач од игра, како на 7 декември во победата против Монпелје во гости кога Французот исто така беше стрелец, а беше сменет во судското продолжение.

 

Треба да знаете
Последни објави