Јовески: Носев три писма од Јанева што ги бараа, ама не ми дозволија да ги покажам

Државниот јавен обвините Љубомир Јовески на вчерашната дебата за законот за ЈО сакал да ги покаже писмата од поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева со кои таа ги предава предметите на СЈО во ЈО, но тој вчера беше оневозможен токму од опозицијата да одговори на тоа нивно барање.

-Сакав да презентирам три писма. Едното, напишано на трети септември 2019 година, Катица Јанева го упатила поименично до сите обвинители во СЈО, со кое таа ги овластува да ги предадат на Републичкиот јавен обвинител за натамошно постапување сите предмети за кои се водат суски процеси и оние за кои се води истрага или предистрага. Тоа писмо го имам како фотокопија, бидејќи оригиналот е во СЈО, изјави Јовески за Дојче веле.

Во второто писмо од Јанева напишано на трети септември 2019 година, кое било упатено до Републичкото Јавното обвинителство, таа известила дека обвинителите во СЈО се овластени да ги предадат сите предмети од тоа обвинителство на натамошно постапување во ЈО.

Според Јовески, со третото писмо, напишано на 6-ти септември 2019 година, Јанева согласно со законот го овластила да ги преземам сите предистраги, истраги и обвиненија за натамошно постапување. Сите три писма, рачно напишани, биле доставени до судијата на претходна постапка во Кривичниот суд, Седат Реџепагиќ.

Треба да знаете
Последни објави