Самсоненко си оди не си оди, ама Вардар може да се спакува и предвреме да се врати од Анталија

Неможе најтроферјниот македонски фудбалски клуб Вардар без турбуленции и неизвесност да одработи подготовки во последниве сезони. Газдата, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој во последниве сезони игра топло-ладно со клубот кој во 2018 година со настапите во групната фаза од Лига Европа му донесе близу пет милиони евра кои отидоа на сите друг страни не само кај тие што ги заработија на теренот – фудбалерите. Затоа сега им се случува ова.

Самсоненко со најновата приказна си одам не си одам, одново и пушти „црв“ на вардаровата експедиција. Лидерот по есенскиот дел од прволигашката фудбалска сезона на домашната сцена Вардар кој е на подготвки во Анталија, каде ја дозна (старо)новата приказна од Самсоненко за повлекување од клубот е затечен. Незнае дали да си ги спакува куферите и да се врати веднаш назад во Скопје или да остане до крајот, да ги одигра уште двата контролни меча со Борац од Бања Лука и словенечката Мура. Вардар одигра четири контролни меча, трипати беше поразен од Хајдук, Динамо Киев и Бачка Топола, а ремизираше со Црвена звезда.

Бомбата одекна како гром од ведро небо кај „црвено-црните“. Ги збуни раковдните луѓе кои останаа во Скопје, стручниот штаб и фудбалерите кои се во Анталија, каде беше планирано да се подготвуваат до 4 февруари. Во фудбалските кругови веднаш проструи информацијата дека Вардар ги прекинува подготвките и се враќа предвреме дома за да можат играчите во последните два дена од истекот на преодниот рок во поголемиот дел од европските земји да си побараат нови средини !

Раководството на „црвено-црните“ е одново затечено. Во исчекување е како и при активирањето на претходните „ руски шок бомби“. Неможе да ги потврди, ниту демантира информациите од спортките кругови. Се очекува експресна реакција од Градот Скопје и преземеање на конкретни чекори да се спаси клубот од евентуално растурање. Неофицијално ваквата средба треба да се случи најдоцна  во текот на утрешниот ден. До крајот на неделава „црвено-црните“ очекуваат да бидат на чисто каква ќе биде судбината на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Вардар лани не доби лиценца иако избори место за настап на европската клуспка сцена поради неисплатените обврски кон играчите. Вардар е на листата со должници кон државата од Управата за јавни приходи.

Со настап на евро-сцената во квалифиакциските мечеви Вардар може да заработи за да ја преживее сезоната и да си ги плати давачките. Но, „црвено-црните“ треба да преживеаат дотогаш и да го одбранат првото место кое носи учество во квалифиакциите од Лигата на шампионите и стартна премија од близу едено милионче евра ! Секое коло поминато понатака, секоја победа или реми, постигнат гол… се пари на евро-сцената. За македонските фудбалски прилики овие пари се големи и решени проблеми за егзистенција, но до нив треба да се стигне и преживее.

Драган Николовски

 

Треба да знаете
Последни објави