Поранешниот јавен обвинител на Украина бара кривична истрага за Бајден

Поранешниот државен јавен обвинител на Украина, Виктор Шокин, поднесе кривична пријава до државните органи во која се тврди дека поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден го принудил Киев да го отпуштат за да ја запре истрагата за „Буризма“.

Во жалбата што Шокин ја испрати до Државното биро за истраги на Украина (СБИ) во вторникот, Шокин бара Бајден да биде обвинет за мешање во активностите на државен службеник.

Шокин ја повика СБИ да почне предистражна постапка за наводното кривично дело извршено од Бајден, за кој тврди дека нелегално вршел притисок врз украинските власти да го отстранат од функцијата користејќи како адут заем од една милијарда долари.

Посочувајќи дека Бајден, во својство на втор човек во американската политичка хиерархија, повеќе пати ја посетувал Украина кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година за да ги убеди властите да го тргнат од функцијата, Шокин тврди дека како резултат на тоа, прекината била објективна истражна кривична постапка за факти за незаконски активности на лица поврзани со компанијата „Буризма холдингс лимитед (Кипар)“, вклучувајќи го и и синот на Бајден, Хантер, кој бил во одборот на компанијата од 2014 до 2019 година.

Шокин конкретно се повикува на неодамна објавената документарна серија „UkraineGate: Незгодни факти“ на францускиот истражувачки новинар Оливие Берјуе, која ги демантира западните медиуми што тврдат дека истрагата за корупција во „Буризма“ била на стендбај во времето кога Бајден лобирал за разрешување на Шокин.

Берјуе, основач на популарниот антикорупциски блог Les Crisis, изјави дека собрал документи кои покажуваат оти истрагата за компанија почнала во тоа време.

Сепак, изјавите на Шокин добија само попатно споменување или целосно игнорирање во мејнстрим-медиумите во САД. Во неодамнешното интервју за „Еј-би-си њуз“, Шокин рече дека неговата канцеларија водела шест истраги за „Буризма“ кога бил принуден да даде оставка.

Бајден отворено се фалеше на настанот на Советот за надворешни односи (ЦФР) во 2018 година дека во март 2016 година му дал на тогашниот украински претседател Петро Порошенко рок од шест часа да го отпушти Шокин или тој ќе повлече една милијарда американски долари американски гаранции за заем. Порошенко потоа го отпушти Шокин на 3 април. Еден ден подоцна, откако Јуриј Луценко беше назначен за нов јавен обвинител, беше објавено дека Бајден му се јавил на Порошенко да му честита и да објави дека САД ќе ја одобрат помошта.

Треба да знаете
Последни објави