Нетанјаху и Путин ќе разговараат за „договорот на векот” на Трамп

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го покани рускиот претседател Владимир Путин заеднички да разговараат за „договорот на векот” на САД за решавање на конфликтот меѓу Израел и палестинската власт, јави руската агенција ТАСС.

– Вие сте првиот лидер што го сретнувам по мојата посета на Вашингтон и по (објавувањето на) планот на (американскиот претседател Доналд) Трамп. Мислам дека денеска имаме можност (да разговараме на темата), би сакал да го слушнам вашето мислење и да видам како можеме да собереме сета сила за да обезбедиме мир и спокоен живот во регионот, рече Нетанјаху.
На средбата со Путун, тој му се заблагодари за ослободувањето на Израелката Наама Исахар, која беше приведена и осудена во Русија во април 2019 година.
Треба да знаете
Последни објави